ПСЖ подготвува понуда за Рудигер
- Актуелниот европски првак ПСЖ е заинтересиран за дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, објави денеска шпанскиот весник „Ел Насионал“.
Мадрид, 25 декември 2025 (МИА) – Актуелниот европски првак ПСЖ е заинтересиран за дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, објави денеска шпанскиот весник „Ел Насионал“.
Според истиот извор, францускиот клуб е подготвен да му понуди на 32-годишниот дефанзивец профитабилен договор за да го убеди да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ на лето.
Раководството на ПСЖ верува дека на младите играчи им е потребен лидер како Рудигер во соблекувалната.
Рудигер има договор со Реал до крајот на јуни 2026 година.
Вредноста на германскиот репрезентативец на трансфер пазарот се проценува на 12 милиони евра. ег
ФОТО: Архива