• четврток, 25 декември 2025

Прочистувачи за воздух за градинките во Општина Бутел

Прочистувачи за воздух за градинките во Општина Бутел

Скопје, 23 декември 2025 (МИА) - Општина Бутел обезбеди прочистувачи на воздух за сите клонови на детската градинка „11 Октомври“. Целта на оваа активност е подобрување на квалитетот на амбиентниот воздух и намалување на последиците од аерозагадувањето кај најмладите, објави градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски на неговиот Фејсбук профил.

-Чистиот воздух е наше заедничко право, а загадувањето предизвик кој бара обединет одговор од сите нас, порача Костовски.

Прочистувачите се од реномирант германски производител и обезбедуваат воздух со највисоки медицински стандарди за децата во градинките. бк/вг/

фото: ФБ на Дарко Костовски

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан