• четврток, 25 декември 2025

Пронајдена почината старица во езерцето во Градскиот парк во Струмица (ДПЛ)

Пронајдена почината старица во езерцето во Градскиот парк во Струмица (ДПЛ)

Струмица, 24 декември 2025 (МИА) - Синоќа во 01:45 часот било пријавено дека е пронајдена почината старица во езерцето во Градскиот парк во Струмица.

Според полицијата, станува збор за Л.К.(71) од село Едрениково, струмичко, без знаци на живот.

-Лекар од Итната медицинска помош Струмица констатирал смрт, а увид изврши екипа на СВР Струмица. По наредба на обвинител телото на починатата е дадено на обдукција, соопштија од СВР Струмица.

Веста за МИА првично ја потврдија и од Регионалниот центар за управување со кризи во Струмица. рт/дма/

Фото: архива ЈПКД „Комуналец“

Остани поврзан