Промоција на книгата „Со злато против смртта: иконографија и семиотика на раноантичките златни погребни апликации од Македонија“ од Никос Чаусидис
- Промоција на новата електронска монографија „Со злато против смртта: иконографија и семиотика на раноантичките златни погребни апликации од Македонија“ на проф. д-р Никос Чаусидис, ќе се одржи денеска во Националниот археолошки музеј.
Скопје, 20 декември 2025 (МИА) - Промоција на новата електронска монографија „Со злато против смртта: иконографија и семиотика на раноантичките златни погребни апликации од Македонија“ на проф. д-р Никос Чаусидис, ќе се одржи денеска во Националниот археолошки музеј.
Монографијата ги анализира златните погребни маски и други апликации од VI–V век пр.н.е., преку кои се интерпретираат претставите за смртта и посмртната судбина на човекот во раноантичка Македонија, со особен акцент на иконографските и семиотичките аспекти.
За книгата ќе говори д-р Перо Арџанлиев, а во разговор со авторот ќе учествува д-р Игор Ефтимовски. Во рамки на настанот ќе биде отворена и изложба на реплики на златни маски и погребни апликации, изработени од самиот автор.
На промоцијата, покрај претставувањето на содржината на оваа електронска монографија, ќе биде ставен во функција и линкот за нејзино бесплатно преземање од веб-страницата на ЦИП.
Издавач на монографијата е Центарот за истражување на предисторијата, во соработка со Националниот археолошки музеј. рп/лв/
Фото: Археолошки музеј