• четврток, 25 декември 2025

Проект „Чиста животна средина“ – Општина Виница ангажираше 15 невработени лица

Проект „Чиста животна средина“ – Општина Виница ангажираше 15 невработени лица

Виница, 20 декември 2025 (МИА) - Општина Виница информира дека работно се ангажирани 15 невработени лица според активна мерка 6.1 за вршење  јавни работи од Оперативниот план 2025 година на Министерството за економија и труд.  Имплементатор  на ова мерка за намалување на невработеноста е Агенцијата за вработување.

Невработените лица се ангажирани во времетраење од 30 дена по 4 часа дневно и се вклучени во проектот„ Чиста животна средина во Општина Виница“. 

- Придобивките од реализацијата на ваква активност за граѓаните ќе биде од големо значење за чиста животна средина. Воедно лицата кои ќе бидат ангажирани за активностите добиваат месечен надомест.  Станува збор за  лица кои спаѓаат во категорија што е неконкурентни на пазарот на трудот, а на ваков начин добиваат можност да бидат работно ангажирани, соопштува локалната самоуправа. ис/лв/

фото: МИА

 

Остани поврзан