• понеделник, 09 март 2026

Програми за доживотно учење на Факултетот за музичка уметност во Скопје

Програми за доживотно учење на Факултетот за музичка уметност во Скопје

Скопје, 16 февруари 2026 (МИА) - До 25 февруари трае уписот за  програмите за доживотно учење на Факултетот за музичка уметност (ФМУ) при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, кој соопшти дека се работи за единствена можност за лица над 20 години што сакаат да го прошират своето музичко образование и да се надградат професионално.

-Наставата се реализира со врвен универзитетски кадар и нуди висок квалитет во разни области: свирење на инструменти, соло пеење, популарни   жанрови, диригирање и композиција. Секој учесник добива индивидуален пристап и работи   во   одлични   услови   кои   овозможуваат целосно развивање на талентот и личен напредок. На крајот од секој семестар учесниците добиваат сертификат издаден од Факултетот за музичка   уметност   -   Скопје,   што   претставува официјално признание за стекнатите знаења и вештини, информира ФМУ. 

Факултетот во соопштението додава дека програмата е инвестиција во личниот развој, „можност да се откријат нови хоризонти, да се надгради сопствената музичка култура и да се ужива во процесот на учење со најдобрите професионалци“.

Повеќе информации за програмите се достапни на линкот: https://www.fmu.ukim.edu.mk/about/lifelong-learning, а во врска со уписот информации може да се добијат на тел. 02 / 3134 345   или  на   мејлот: fmu@fmu.ukim.edu.mk хс/са/

Фото: МИА архива 



Остани поврзан