Претставници на Амбасадата на САД во посета на Општина Виница
- Градоначалникот на Виница Митко Костадиновски информира дека заедно со пратеничката Даниела Христова и општинскиот секретар Дарко Јангелов, денеска оствариле работна средба со Кели МекКејлеб, политички офицер во Стејт департментот на САД, и со д-р Јордан Дамчевски, виш економист во Амбасадата на САД во Скопје.
Виница, 28 август 2026 (МИА) - Градоначалникот на Виница Митко Костадиновски информира дека заедно со пратеничката Даниела Христова и општинскиот секретар Дарко Јангелов, денеска оствариле работна средба со Кели МекКејлеб, политички офицер во Стејт департментот на САД, и со д-р Јордан Дамчевски, виш економист во Амбасадата на САД во Скопје.
- На средбата ги запознавме нашите соговорници со Општина Виница, нејзините основни карактеристики, потенцијали и предизвици. Разговаравме и за проектите и активностите што се реализираат од страна на локална самоуправа - напиша Костадиновски во објава на Фејсбук.

Посебен акцент, како што наведува, е ставен на подобрувањето на патната инфраструктура, реализацијата на капитални проекти, создавањето подобри услови за економски развој и поттикнувањето на инвестициите во општината, наведува градоначалникот Костадиновски.
- Особено ни значи интересот што Кели МекКејлеб го покажа за Виница и за состојбите и потенцијалите на нашата општина. Во отворен и конструктивен разговор таа се интересираше за повеќе значајни области – од образованието и здравството, до економскиот развој, инвестициите и индустријата. Ваквите средби се можност Виница директно да ги претстави своите потенцијали, но и да отвори нови перспективи за соработка и поддршка. Верувам дека оваа средба е уште еден чекор кон градење и продлабочување на соработката со Амбасадата на САД, со цел создавање нови можности за развој на Виница и подобар квалитет на живот за нашите граѓани - наведува Костадиновски.
Виница, посочи, има потенцијал, а наша обврска е тој потенцијал да го претвориме во нови можности и развој. ис/лв/
фото: Општина Виница