Преговорите меѓу САД и Иран ќе се одржат в петок во Оман, објавија иранските медиуми
- Преговорите меѓу САД и Иран е планирано да се одржат во Оман в петок, објавија денеска иранските медиуми.
Техеран, 4 февруари 2026 (МИА) - Преговорите меѓу САД и Иран е планирано да се одржат во Оман в петок, објавија денеска иранските медиуми.
„Индиректните преговори меѓу Иран и САД ќе се одржат во Мускат в петок“, објави иранска новинска агенција, додавајќи дека дискусиите „се ограничени на прашањето за нуклеарната програма и укинувањето на санкциите против Иран“.
Иранската делегација ќе ја предводи министерот за надворешни работи Абас Арагчи. Во делегацијата се вклучени и високите дипломати Маџид Тахт Раванчи и Казем Гарибабади. Специјалниот американски пратеник Стив Виткоф ќе го претставува Вашингтон во преговорите, а зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, исто така, може да присуствува, објавија иранските медиуми.
Арагчи и Виткоф учествуваа во пет рунди американско-ирански разговори за нуклеарната програма на Техеран до 2025 година. Тие беа прекинати кога Израел почна бомбардирање против Иран два дена пред шестата рунда разговори, предизвикувајќи 12-дневна војна. рп/
Фото: МИА архива