• петок, 17 април 2026

Почна расчистување и санација на ударните дупки на патот за село Тресонче, Мала Река

Почна расчистување и санација на ударните дупки на патот за село Тресонче, Мала Река

Дебар, 26 март 2026 (МИА) - Општина Маврово и Ростуше почна со расчистување на патот кон селото Тресонче, Мала Река, што следува по средбата на претставници на здружението на граѓани „Брзовец“ и градоначалникот Онер Јакупоски. 
 
-По нашето барање кое директно му го поставивме на градоначалникот Онер Јакупоски, општината веднаш постапи со  расчистување на патот. Следните денови ќе биде извршена и санација на ударните дупки со дробен асфалт, објави ГЗ „Брзовец". 

Изразуваат благодарност до Општината Маврово и Ростуше и градоначалникот за нивната брза реакција. 
 
На работната средба, пред два дена, со градоначалникот Јакупоски и претставниците на здружението станало збор за повеќе важни прашања за Тресонче, со посебен акцент токму за состојбата на патот од клучката до селото. 

 
-Укажавме дека лошата состојба на патот влијае врз секојдневниот живот на жителите, туризмот и пристапот во итни случаи. Очекуваме она што го договоривме да се реализира во најкраток можен рок, во интерес на Тресонче и сите негови посетители, посочуваат од здружението. 
 
Селото Тресонче е едно од повеќето села на областа Мала Река, родно место е на познатиот Дичо зограф, на Сирмавојвода, се како што велат жителите "тоа е место со најубав изгрев на сонцето". вт/ев/

ФОТО: ЗГ „Брзовец"

Тагови

Остани поврзан