• понеделник, 06 април 2026

Почна изградба на повеќе улици во Куманово

Почна изградба на повеќе улици во Куманово

Куманово, 17 март 2026 (МИА) - Почна реализацијата на улици во месноста „Гладно поле“ во Куманово, информираа денеска надлежните. Изградбата на овие улици се реализира со поддршка на средства обезбедени од вториот владин повик на која аплицираше општината.

-Започнавме со изградба на улици во м.в. Гладно поле во населба Перо Чичо. Во тек се градежни активности на улица „716“, проект којшто се реализира со финансиски средства од вториот Владин повик за поддршка на инфраструктурни проекти. Дополнително следува отпочнување на изградба и на улиците „717“, „719“, „722“, „723“ и „725“ во м.в. Гладно поле. Ги решаваме децениските проблеми на граѓаните од оваа населба-објави кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.

Куманово аплицираше со 27 проекти на вториот владин повик за финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти, во износ од околу 800 милиони денари. Куманово аплицира за реконструкција на една улица во населбата „Иго Тричковиќ“, за пет во „Гладно поле“, за дополнителни пет во „Перо Чичо“, за четири на улицата „Авној“, за една во Проевце, за реконструкција на „Индустриска“, за улици кај „Киро Фетак“, и за Веселин Вујовски“, „Карадарчки Одреди“ со „Есперанто“ и на локален пат, од асфалтна база до Пчиња. ам/

Фото: Општина Куманово

Тагови

Остани поврзан