Починато бебе однесено во Поликлиника - Драчево, телото на обдукција
- Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција - информираа од МВР.
Скопје, 27 август 2026 (МИА) - Починато бебе било однесено во Поликлиника - Драчево, телото е предадено на обдукција, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи.
- Синоќа околу 21:15 часот во Секторот за внатрешни работи - Скопје од Поликлиника - Драчево е пријавено дека кај нив е донесено починато шестмесечно бебе од скопско. Лекар констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото е предадено за обдукција - информираа од МВР. бд/са/
Фото: МИА архива