Полицијата лиши 38-годишен жител на Општина Чашка, физички ја напaднал мајка му
- Полициски службеници од СВР Велес синоќа, во 19:40 часот, лишиле од слобода 38-годишник од село во Општина Чашка, по пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 64 - годишна мајка, при што употребил и дрвен предмет.
Велес, 25 декември 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Велес синоќа, во 19:40 часот, лишиле од слобода 38-годишник од село во Општина Чашка, по пријава дека во домот физички ја нападнал неговата 64 - годишна мајка, при што употребил и дрвен предмет.
Како што денеска информираа од СВР Велес, тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе му биде поднесен соодветен поднесок. ад/мд/
Фото: МИА