• понеделник, 06 април 2026

Пол преку Тијафо до финалето на турнирот во Хјустон

Пол преку Тијафо до финалето на турнирот во Хјустон

Хјустон, 5 април 2026 (МИА) – Американскиот тенисер Томи Пол синоќа го победи сонародникот Франсес Тијафо во полуфиналето на турнирот во Хјустон.

Мечот траеше 2 часа и 47 минути и заврши со резултат 7:5, 4:6, 7:6 (9:7).

Дваесет и осумгодишниот Тијафо (рангиран број 18 во светот) сервираше четири аса, не направи двојни грешки и ги реализираше сите три брејк топки.

Неговиот 28-годишен противник (рангиран на 21-то место во светот) имаше 14 аса, нула двојни грешки и реализираше три од седум брејк топки.

Противник на Пол во финалето (вечер од 21 часот)  ќе биде Аргентинецот Роман Андрес Буручага. зс/

Фото: ЕПА 

Остани поврзан