Повредените со хуманитарен кошаркарски натпревар во чест на загинатите во „Пулс“
- Хуманитарен кошаркарски натпревар во спомен на загинатите во трагедијата од 16 март 2025 ќе се одигра денеска во Спортската сала “Сашо Лазарев-Чапо”.
Кочани, 15 март 2026 (МИА) - Хуманитарен кошаркарски натпревар во спомен на загинатите во трагедијата од 16 март 2025 ќе се одигра денеска во Спортската сала “Сашо Лазарев-Чапо”.
Повредените ќе играат кошарка и ќе ја споделат љубовта кон овој спорт во сеќавање на своите другари и на сите што трагично ги изгубија животите…
Собраните средства, како што е најавено, ќе бидат наменети за изградба на спомен-обележјето “Патека на бесконечноста”. ис/аа/
Фото: Плакат Општина Кочани