По осми пат се одржа зимската планинска трка „Чупино Winter Vertical“
- Вчерашниот ден беше вистински празник за љубителите на природата, планината и за они чија страст е искачување на планински врвови - на Плачковица, со старт од плоштадот во Блатец, се одржа „Чупино Winter Vertica“.
Виница, 23 февруари 2026 (МИА) - Вчерашниот ден беше вистински празник за љубителите на природата, планината и за они чија страст е искачување на планински врвови - на Плачковица, со старт од плоштадот во Блатец, се одржа „Чупино Winter Vertica“.
Ова зимска планинска трка, која годинава се одржа по осми пат, прераснува во вистински спортски спектакл. На стартот се појавија над 150 натпреварувачи од десетина европски држави, меѓу кои можеа да се сретнат и некои од поквалитетните вертикал тркачи од регионот.
Патеката до Чупино, врв на Плачковица висок 1750 метри, е долга пет километри со 1000 метри искачување.

Токму од Чупино вчера започна и новата сезона на Sky Running лигата, што само претставува потврда за важноста на настанот на меѓународната спортска сцена.
Освен спортскиот дел на „Чупино Winter Vertica“ имаше и музика и планинска забава со DJ Ерик и бендовите Флоат и The Hounds, кои настапија под отворено небо.

Настанот, членовите на здружението „За чисто Блатец“ го искористија уште еднаш да ја афирмираат својата заложба за стопирање на изградбата на хидроцентрала на Блатешница.

Организатор на осмата трка „Чупино Winter Vertical“ беше Општина Виница. ис/дма/
Фото: За чисто Блатец