Петнаесетгодишник нападнат од соученици во средно училиште во Виница
- Педесетгодишниот В.Н. од селото Виничка Кршла, вчера во 13:45 часот, во ОВР Виница пријавил дека во средно училиште во Виница, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од неколку други ученици во училиштето, во што биле спречени од наставник во тоа училиште.
Виница, 17 февруари 2026 (МИА) - Педесетгодишниот В.Н. од селото Виничка Кршла, вчера во 13:45 часот, во ОВР Виница пријавил дека во средно училиште во Виница, неговиот 15-годишен син бил физички нападнат од неколку други ученици во училиштето, во што биле спречени од наставник во тоа училиште.
Според соопштението од СВР Штип, увид е извршен и се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава. ис/дма/
Фото: МИА