• четврток, 25 декември 2025

Петмина загинати во хеликоптерска несреќа во Танзанија

Петмина загинати во хеликоптерска несреќа во Танзанија

Додома, 25 декември 2025 (МИА) – Пет лица загинаа синоќа откако се урна хеликоптер на највисоката африканска планина Килиманџаро, Танзанија.

Несреќата се случила на една од најпопуларните планинарски патеки, а хеликоптерот што се урна бил во спасувачка мисија, при што загинаа двајца странски туристи, локален лекар, туристички водич и пилот.

Несреќата се случила помеѓу кампот Барафу на планината и врвот Кимбо на надморска височина од над 4.000 метри.

Танзиската управа за цивилно воздухопловство денеска соопшти дела почнала истрага во согласност со меѓународните безбедносни прописи за да се утврдат околностите и веројатната причина за несреќата. ми/

фото: МИА архива

Остани поврзан