Најмалку 15 мртви во оружена престрелка на контролен пункт во северен Пакистан
- Најмалку седум припадници на пакистанските безбедносните сили и осум терористи загинале во оружена престрелка на контролен пункт во северниот дел на Пакистан.
Исламабад, 30 јули 2026 (МИА) - Најмалку седум припадници на пакистанските безбедносните сили и осум терористи загинале во оружена престрелка на контролен пункт во северниот дел на Пакистан.
Престрелката се случила во округот Хангу, во провинцијата Хајбер-Пахтунхва што се граничи со Авганистан, соопшти началникот на локалната полиција, Тарик Хабиб.
Во нападот биле повредени 22 припадници на безбедносните сили, а безбедносните сили покренале потрага по напаѓачите.
Откако Талибанците ја презедоа власта во Кабул по повлекувањето на американските сили од Авганистан во 2021 година, во западниот дел на Пакистан е забележана зголемена активност на терористички групи, особено во провинциите Хајбер-Пахтунхва и Балучистан.
Пакистан го обвинува Кабул дека ја поддржува пакистанската талибанска организација „Техрик-е-Талибан Пакистан“ (ТТП), поради што повеќепати извршил напади врз вооружени групи во пограничниот регион.
Авганистанските власти ги отфрлаат таквите обвинувања.
ТТП се смета за одговорна за значителното зголемување на бројот на жртви во терористички напади во Пакистан последните години.
Во февруари оваа година пакистанските власти го обвинија Кабул дека не презема никакви мерки против активностите на припадници на ТТП, по што започнаа голема воена операција за справување со бунтовниците. аб/ми
фото/МИА архива