• четврток, 25 декември 2025

Отстранет е стар дефект под зградите кај некогашна „Опатија“ по пријава на станари

Отстранет е стар дефект под зградите кај некогашна „Опатија“ по пријава на станари

Кочани, 19 декември 2025 (МИА) - По пријава од страна на станарите до градоначалникот Владко Грозданов, отстранет е повеќегодишен дефект на цел блок од зградите под „Опатија”, во населбата Тикешински Лозја, информира Општина Кочани.

Станува збор за формиран базен од вода под самите згради и самите темели на зградите, состојба проследена со енормни загуби на вода од 7 литри во секунда.

Во соработка со КЈП „Водовод“, со брза реакција на градоначалникот и на директорот на КЈП, Дејан Анакиев, овој дефект е отстранет во целост, стои во соопштението. ис/вј/

Фото: Општина Кочани

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан