• недела, 01 март 2026

Осуммина загинати во проирански протест кај американскиот конзулат во Пакистан

Осуммина загинати во проирански протест кај американскиот конзулат во Пакистан

Карачи, 1 март 2026 (МИА) – Најмалку осум лица загинаа денеска за време на проиранските протести кај конзулатот на САД во пакистанската метропола Карачи, соопшти портпаролот на спасувачката служба.

„Пренесовме најмалку осум тела во граѓанските болници во Карачи, додека 20 други беа повредени во инцидентот кај конзулатот“, рекол Мухамед Амин, портпарол на спасувачката служба на фондацијата „Еди“ (Edhi Foundation), додавајќи дека повеќето имале прострелни рани.

Стотици проирански демонстранти се обидоа да упаднат во конзулатот по американско-израелските напади врз Иран. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан