• четврток, 25 декември 2025

Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија

Орбан: Распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија

Будимпешта, 21 декември 2025 (МИА) – Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека распадот на Украина би имал сериозни последици по неговата земја.

- Немојте да се залажувате: распадот на Украина би бил катастрофа за Унгарија, напиша Орбан на платформата Икс.

Тој додаде дека стабилноста на соседните држави е важна.

- Унгарија ја снабдува Украина со 44 отсто електрична енергија и 58 проценти гас. Во меѓувреме, војната ја слабее Украина секој ден. Само мирот може да ја зајакне. Секој кој навистина ја поддржува Украина мора да сака мир, и сега, посочи Орбан. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан