• вторник, 24 февруари 2026

Илјада згради во Киев и натаму се без греење, изјави Зеленски

Илјада згради во Киев и натаму се без греење, изјави Зеленски

Киев, 4 февруари 2026 (МИА) - Околу 1.000 станбени згради и натаму се без греење во Киев, каде работниците за поправка се исцрпени, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Моментално само во Киев работат повеќе од 200 екипи, а според Министерството за енергетика, нивниот број ќе се зголеми за да се обезбеди ротација на работниците. Луѓето се исцрпени“, напиша Зеленски на социјалните мрежи по состанокот за ситуацијата во енергетскиот сектор, кој вчера беше силно погоден во руското бомбардирање.

Зеленски додаде дека ситуацијата останува тешка во регионите Харков, Суми, Полтава, Днепропетровск и Чернигов.

Украинската премиерка Јулија Свириденко објави на Телеграм дека енергетскиот сектор на Украина е цел на 217 руски напади од почетокот на годината. рп/сд/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан