НУ Завод и Музеј Битола ќе соработува со експерти од турскиот град Бурса
- Стручни лица националната установа Завод и Музеј Битола ќе соработуваат со колеги од турскиот град Бурса. За делегацијата од Бурса предводена од Рамазан Тезџан, прием во битолскиот Музеј приреди директорката Маргарета Спасов, со што беа конкретизирани заедничките намери и соработки.
Битола, 12 февруари 2026 (МИА) - Стручни лица од националната установа Завод и Музеј Битола ќе соработуваат со колеги од турскиот град Бурса.
За делегацијата од Бурса предводена од Рамазан Тезџан, прием во битолскиот Музеј приреди директорката Маргарета Спасов, со што беа конкретизирани заедничките намери и соработки.
- Соработката со колегите од Бурса ќе биде имплементирана низ различни, но заеднички проекти како континуитет на претходни заеднички активности. Во наредениот период ќе бидат детализирани заклучоците од дводневната посета на гостите од Турција, информираа од НУ Завод и Музеј-Битола.
Делегацијата на Општина Бурса, град збратимен со Општина Битола, оствари средба со градоначалникот Тони Коњановски, претседателот на општинскиот Совет Бојан Бојкоски, а ги посети спомен собата на Кемал Ататурк, Музејот на христијанското и исламското културно наследство „Јени џамија“ – црква „Свети Ѓорги“, како и постојаните поставки во НУ Завод и Музеј-Битола. мт/паг/
Фото: НУ Завод и Музеј Битола