• четврток, 25 декември 2025

Новогодишен базар во ООУ „Никола Карев" во Кочани

Новогодишен базар во ООУ „Никола Карев

Кочани, 22 декември 2025 (МИА) - Во духот на новогодишните празници, Општина Кочани ги поканува граѓаните да бидат дел од традиционалниот новогодишен базар што го организира ООУ „Никола Карев“. Настанот ќе се одржи денеска, со почеток во 16:00 часот, на големиот паркинг во училиштето.

Учениците, со многу љубов и креативност, подготвија разновидни новогодишни изработки кои ќе бидат изложени на продажните штандови. Празничната атмосфера ќе биде збогатена со музичка програма на училишниот хор, под водство на наставничката Ангелина Катмерова Алексова.

За дополнителна забава ќе се погрижи DJ Bono, а најмладите посетители ќе имаат можност да се дружат со омилените ликови Мики Маус и Мини. Организаторите најавуваат и низа пријатни изненадувања за децата.

Општина Кочани ги повикува сите граѓани да ја споделат празничната радост и заедно да уживаат во новогодишната магија создадена од учениците и вработените во ООУ „Никола Карев“. ис/дма/


Фото: плакат - Општина Кочани

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан