Десетици убиени во џихадистички напад врз седум села во северна Нигерија
- Џихадистите од групата „Лакурава“ убија десетици луѓе откога нападнаа седум села во државата Кеби во северозападна Нигерија, соопшти полицијата.
Абуџа, 19 февруари 2026 (МИА) - Џихадистите од групата „Лакурава“ убија десетици луѓе откога нападнаа седум села во државата Кеби во северозападна Нигерија, соопшти полицијата.
„За жал, десетици луѓе беа убиени откога жителите на селата Мамуну, Авасака, Тунган Цохо, Макангара, Канзо, Горун Најдал и Дан Маи Аго се мобилизираа за да им се спротивстават на напаѓачите“, изјави Башир Усман, портпарол на полицијата во државата Кеби.
Според извештај на безбедносните служби, убиени се 30 цивили. рп/сд/
Фото: МИА архива