Неколку пожари избувнаа во петрохемиската фабрика Боруз во Абу Даби
- Неколку пожари избувнаа утрово во петрохемиската фабрика Боруз во Абу Даби откако остатоци од соборен дрон паднаа врз објектот, соопштија локалните власти.
Абу Даби, 5 април 2026 (МИА) - Неколку пожари избувнаа утрово во петрохемиската фабрика Боруз во Абу Даби откако остатоци од соборен дрон паднаа врз објектот, соопштија локалните власти.
Во соопштението се вели дека работењето на фабриката е прекинато и дека напорите за гаснење на пожарот се во тек, објави Ал џезира.
Се нагласува дека нема повредени. мс/
фото: Принтскрин