• среда, 08 април 2026

НБА легенди застанаа во одбрана на Дончиќ

НБА легенди застанаа во одбрана на Дончиќ

Лос Анџелес, 7.април 2026 (МИА) – Поранешните НБА играчи кои оставија белег во лигата Трејси Мекгрејди и Кармело Ентони сметаат дека играчот на ЛА Лејкерс Лука Дончиќ би требало да добие индивидуални награди и покрај тоа што има помал број на одиграни натпревари (65 е минимум).

Дончиќ во моментов е најдобар стрелец на лигата со 33,5 поени по натпревар и има одиграни 64 натпревари, но за него сезоната е завршена поради повреда. Словенечкиот репрезентативец во моментов е на лекување во Шпанија, а неговиот агент Бил Дафи изјави дека Дончиќ планира да вложи жалба бидејќи одреден број натпревари ги пропушти поради раѓање на дете.

- Не беше во прашање повреда, не беше повреден, немаше одмор, едноставно стана татко и патуваше во друга држава и сигурен сум дека НБА ќе постапи правилно, изјави Трејси Мекгрејди.

Со неговото мислење се сложи и Ентони, кој надополни дека Дончиќ ја заслужува наградата. Мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан