Најмалку девет лица загинаа во израелски воздушни напади во јужен Либан
- Шест лица загинаа во израелски воздушни напади во јужен Либан, објавија либанските медиуми.
Бејрут, 5 април 2026 (МИА) - Шест лица загинаа во израелски воздушни напади во јужен Либан, објавија либанските медиуми.
Жртвите биле дел од раселено семејство во градот Кфар Хата.
Најмалку три лица загинаа во друг воздушен напад на југот од земјата, а до утрово се пријавени повеќе повредени.
Израелската војска сè уште не го коментираше инцидентот.
Покрај напаѓањето на Либан од воздух, израелските сили спроведуваат и копнени операции против либанското шиитско движење Хезболах, кое е поддржано од Иран.
Претходно денеска, Хезболах повторно испука ракети кон северен Израел. Немаше непосредни извештаи за штети или жртви. мс/
фото: Архива