Промоција и потпишување на ревидирана Политика за интегритет во судството
- Мисијата на ОБСЕ во Скопје, заедно со Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе промовираат ревидирана Политика за интегритет која ги опфаќа судството, Судскиот совет и Академијата за судии и јавни обвинители.
Скопје, 18 декември 2025 (МИА) - Мисијата на ОБСЕ во Скопје, заедно со Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) ќе промовираат ревидирана Политика за интегритет која ги опфаќа судството, Судскиот совет и Академијата за судии и јавни обвинители.
На настанот, како што е најавено, ќе бидат презентирани заедничките напори на ОБСЕ и ДКСК како и на клучните институции од областа на судството за зајакнување на интегритетот и транспарентноста на судството, додека претставници од Судскиот совет, Академијата за судии и јавни обвинители, Врховниот суд и четирите Апелациони судови церемоијално ќе ја потпишат Политиката за интегритет. аа/бак/
Фото: МИА архива