• вторник, 14 април 2026

„Меѓаши“ ќе го промовира документарниот филм „Гласна тишина“

„Меѓаши“ ќе го промовира документарниот филм „Гласна тишина“

Скопје, 25 март 2026 (МИА) - Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“ денеска во Кинотеката на Македонија ќе го промовира краткиот документарен филм „Гласна тишина“, по повод 15 години од спроведувањето на програмата за мировно образование.

-Документарниот филм ја прикажува трансформативната улога на програмата – од нејзините почетоци до денешните постигнувања, истакнувајќи ја важноста на мировното образование како алатка за градење ненасилна комуникација, доверба и инклузивни заедници. Преку сведоштва на ученици, наставници и реализатори, филмот испраќа силна порака дека мирот е активен и секојдневен избор, соопшти „Меѓаши“. 

По проекцијата на документарецот „Гласна тишина“ ќе следува дискусија. хс/ац/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан