Завршен настан од натпреварот „Античка приказна инспирирана од фотографија“
- Во свечената сала на Филозофскиот факултет во Скопје денеска ќе се одржи завршниот дел од натпреварот „Античка приказна инспирирана од фотографија“, во организација на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет. Настанот е дел од активностите со кои годинава се одбележува 105‑годишнината од основањето на Факултетот.
Скопје, 13 февруари 2026 (МИА) - На Филозофскиот факултет во Скопје денеска ќе се одржи завршниот дел од натпреварот „Античка приказна инспирирана од фотографија“, во организација на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет. Настанот е дел од активностите со кои годинава се одбележува 105‑годишнината од основањето на Факултетот.
На конкурсот учествувале 49 ученици од средни училишта во неколку градови од државата, меѓу кои Скопје, Куманово, Делчево, Струга, Битола, Велес, Гевгелија и Македонска Каменица.
Учениците изработувале фотографија од антички локалитет или артефакт или оригинална фотографија инспирирана од антички мотиви, врз основа на која треба да напишат кратка приказна.
На завршниот настан ќе бидат прочитани најуспешните творби, а на учениците од првите три места ќе им бидат доделени награди.бк/лв/
фото: МИА