• четврток, 25 декември 2025

Акција за пошумување во опфатот на Белчишко Блато во општина Дебрца

Акција за пошумување во опфатот на Белчишко Блато во општина Дебрца

Скопје, 24 декември 2025 (МИА) - Теренска акција за садење нативни дрвенести садници ќе се одржи денеска на границата со опфатот на Белчишкото Блато, близу селото Белчишта во општина Дебрца, соопштија од Здружението за екологија „Екоменлог“ од Охрид. 

Во акцијата ќе учествуваат ученици од ООУ „Дебрца“ во селото Белчишта во Општина Дебрца, како и ученици од ОУ „Кочо Рацин“ во Охрид, заедно со претставници на локалната самоуправа, противпожарните служби и граѓански организации. Акцијата има за цел младите директно да се вклучат во грижа за природата преку практична работа и учење на терен преку воспоставување еколошки противпожарни појаси како мерка за превенција од пожари и заштита на биодиверзитетот во чувствителните периферни зони на Белчишкото Блато, информираат од Здружението. 

Активноста се реализира во рамки на програмата што ја имплементира Здружението, преку проектот „EcoFire Youth Ambassadors – Интеграција на управување со пожари, наследство и одржливост на Охридското Езеро“.

Како дел од проектните активности, паралелно со теренската работа се развива и мобилната апликација „EcoFire Youth“, наменета за млади и граѓани кои сакаат активно да придонесат во превенција од пожари и заштита на природата. Апликацијата овозможува едукација за пожарни ризици, пријавување на потенцијални опасности и пожари, како и вклучување во еколошки активности и иницијативи на локално ниво. Апликацијата е достапна на следниот линк: https://ecofire.glide.page/

„EcoFire Youth“ е веб-апликација што може лесно да се користи преку мобилен телефон, без преземање од продавници за апликации, и претставува алатка за поврзување на младите, наставниците и пошироката јавност со конкретни активности за превенција од пожари, навремено реагирање и подигање на јавната свест, информираат од Здружението. рп/

Фото: Здружението „Екоменлог“

Остани поврзан