Нафтовод во рускиот град Приморск е оштетен во напад со украински дронови
- Дел од нафтовод во рускиот пристанишен град Приморск на Балтичкото Море е оштетен во напад со украински дронови, изјави гувернерот на Ленинградската област Александар Дрозденко во објава на апликацијата за пораки Телеграм.
Москва, 5 април 2026 (МИА) - Дел од нафтовод во рускиот пристанишен град Приморск на Балтичкото Море е оштетен во напад со украински дронови, изјави гувернерот на Ленинградската област Александар Дрозденко во објава на апликацијата за пораки Телеграм.
Дрозденко рече дека никој не е повреден во нападот.
Протокот на нафта низ цевководот е запрен, а пожарот е безбедно изгаснат, додаде регионалниот гувернер.
Украина ги засили нападите врз руските пристаништа на Балтичкото Море во изминатиот месец. мс/
фото: ЕПА архива