Дебата за предлог-законот за помилување
- Една од најзначајните измени во предло-законот е дека претседателот може да даде помилување само за санкцијата, но не и за кривичното гонење на поименично определени лица, односно се укинува аболицијата. Мошне значајни се и решенијата со кои детаљно е разработена постапката за помилување. Во таа насока, предвидени се кратки рокови за секоја од институциите што се вклучени во постапката за помилување, се вели во најавата.
Скопје, 20 февруари 2026 (МИА) - Научно-стручна расправа по предлог-законот за помилување ќе се одржи денеска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
Организаторите на расправата, Здружението за кривично право и криминологија на Македонија (ЗКПКМ) и Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, најавија дека на расправата ќе се обратат претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за правда Игор Филков, деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, Сашо Георгиевски, и претседателката на ЗКПКМ, Александра Груевска-Дракулевски.
Здружението посочува дека целта на предлог-законот за помилување е да воспостави јасна, транспарентна и временски ограничена постапка.
- Една од најзначајните измени во предлог-законот е дека претседателот може да даде помилување само за санкцијата, но не и за кривичното гонење на поименично определени лица, односно се укинува аболицијата. Мошне значајни се и решенијата со кои детаљно е разработена постапката за помилување. Во таа насока, предвидени се кратки рокови за секоја од институциите што се вклучени во постапката за помилување - се вели во најавата.
Од научно-стручната расправа се очекува да произлезат заклучоци што ќе бидат доставени до Министерството за правда во насока на унапредување на текстот на предлог-законот.
Предлог-законот за помилување е објавен на ЕНЕР на 30 декември 2025 година, а е достапен на страницата https://ener.gov.mk/Default.aspx item=pub_regulation&subitem=view_reg_detail&itemid=73885. лв/вг/
фото: МИА архива