• четврток, 25 декември 2025

Насри Асфура прогласен за победник на претседателските избори во Хондурас

Насри Асфура прогласен за победник на претседателските избори во Хондурас

Тегусигалпа, 25 декември 2025 (МИА) – Конзервативецот Насри Асфура е прогласен за победник на спорните претседателски избори во Хондурас, што се одржаа на 30 ноември, соопшти Централната изборна комисија.

Изборната комисија соопшти дека Асфура од Националната партија освоил 40,3 проценти од гласовите, додека неговиот противник од централно-десничарската Либерална партија, Салвадор Насралах освоил 39,5 проценти.

Официјалните резултати беа одложени поради технички проблеми и наводи за изборна измама. Поради малата разлика во гласовите и хаотичниот систем за броење гласови, 15 проценти од гласовите беа преброени рачно.

По објавувањето на официјалните резултати, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги повика сите партии во Хондурас да го прифатат исходот од изборите.

- САД ги повикуваат сите партии да ги почитуваат потврдените резултати за да можат институциите на Хондурас брзо да обезбедат мирен трансфер на власта на новоизбраниот Насри Асфура, се наведува во соопштението на американскиот државен секретар Марко Рубио. ми/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан