• петок, 20 февруари 2026

Над 130 предлози во изборот за спортист на годината во Битола

Над 130 предлози во изборот за спортист на годината во Битола

Битола, 13 февруари 2026 (МИА) - Општинскиот Сојуз на спортови и Општина Битола продолжуваат со традиционална организација на манифестацијата избор на најдобрите спортисти и екипи на Битола за 2025 година.

Годинава до општинскиот Сојуз на спортови пристигнале над 130 предлози, а изборот на најдобрите спортисти ќе се изврши на 17 февруари на посебна манифестација која ќе се одржи под мотото „Верувај во себе, направи шампион“.

-Спортот во Битола ја имал, ја има и ќе ја има поддршката на оваа локална самоуправа. Нашата задача е да се грижиме и да инвестираме во спортот, и тоа го правиме. Како Општина Битола продолживме и продолжуваме да вложуваме во спортската инфраструктура, професионалниот и училишниот спорт. Секаде со големи букви е запишано и докажано дека Битола е најспортскиот град во Македонија, истакна градоначалникот Тони Коњановски на прес конференција во Битола.

Според востановената традиција, на манифестацијата ќе бидат избрани 10 најдобри спортисти, најдобри сениорски, младински екипи и најдобри младинци, потврди Сашко Павловски, претседател на општинскиот Сојуз на спортови. мт/сст/

Фото: МИА

Остани поврзан