МФ: Трезорот продолжува со редовна исплата на налози, исплатени субвенции, плати, К-15 и капитални расходи
- Министерството за финансии информира дека продолжува со редовна исплата и реализација на доставените налози од буџетските корисници, кои што согласно насоките ги доставуваа налозите до 15 декември 2025 година.
Скопје, 24 декември 2025 (МИА) – Министерството за финансии информира дека продолжува со редовна исплата и реализација на доставените налози од буџетските корисници, кои што согласно насоките ги доставуваа налозите до 15 декември 2025 година.
- Преку трезорот во изминатите неколку денови се реализирани исплати за субвенции за зелена нафта, субвенции за овчарство, средства за коридорите 8 и 10 д, исплата на две транши кон Развојната банка за домашните компании, средства за примарна здравствена заштита и други тековни налози, се наведува во соопштението од Министерството за финансии.
Меѓу реализираните налози, како што посочуваат оттаму, исто така во текот на изминатата недела се и средства за проекти за самовработување во рамки на Оперативниот план за вработување, како и средства за поврат на придонеси кон заштитни организации. дма/паг/
Фото: МИА архива