• вторник, 30 декември 2025

Мурињо не дозволува трансфер во Барселона

Мурињо не дозволува трансфер во Барселона

Лисабон, 27.декември 2025 (МИА) – Тренерот на Бенфика Жозе Мурињо можно е да го стопира евентуалниот трансфер на Николас Отаменди во Барселона. По повредата на коленото на Кристенсен, каталонскиот клуб бара играч како замена, а според португалските медиуми Отаменди е еден од нив.

Но, тренерот на Бенфика побарал од управата да го продолжат договорот со играчот, кој му истекува следното лето. Тоа би значело дека евентуалниот трансфер на Отаменди зимава нема да се реализира. /мн

Фото: ЕПА

Остани поврзан