• четврток, 25 декември 2025

МОН: Потпишан договор за соработка во образованието и науката со Турција

МОН: Потпишан договор за соработка во образованието и науката со Турција

Скопје, 22 декември 2025 (МИА) - Северна Македонија и Турција ја продлабочуваат соработката во сферата на образованието, науката, технологијата и иновациите со Договорот што го потпишаа министрите за образование и наука на двете земји Весна Јаневска и Јусуф Текин.

Со Договорот, како што информираат од Министерство за образование и наука (МОН), двете држави ќе соработуваат и разменуваат информации и научни публикации во областа на формалното и неформалното образование и ќе поттикнуваат размена на академици, експерти за образование, наставници и ученици од средно образование. Прифатена е размена на искуства во областа на средното образование, со фокус на стручното, како и обука и квалификации на наставници и доживотно учење, организирање на програми за обука, спроведување на заеднички проекти. Усогласена е размената на искуства во врска со новите образовни технологии, како и во делот на подготовка на наставните планови и програми.

- Со Договорот се овозможува учениците да учествуваат на научни и културни натпревари кои што се одржуваат во двете земји, се промовира соработката за развој на заеднички програми како и збратимување на училишта. Договорено е како изборни предмети да се предаваат „Јазикот и културата на Турците“ односно „Јазикот и културата на Македонците“, во Македонија и Турција, соодветно. Предвидено е и меѓусебно стипендирање на средношколци, соопшти МОН и нагласи дека заедничка работна група ќе се грижи за спроведување на Договорот. вј/вг/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан