Мицкоски: Од денеска три денари попуст на сите бензински на ОКТА, имаме апсолутно најниски цени на горива во Европа
- Како што информира, од денеска ќе има три денари попуст на сите бензински пумпи кои се коминтенти на ОКТА.
Скопје, 24 март 2026 (МИА) - Договорено е намалување на цената на горивото со ОКТА, соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски.
Како што информира, од денеска ќе има три денари попуст на сите бензински пумпи кои се коминтенти на ОКТА.
-Да, во текот на вчерашниот ден министерката за енергетика имаше разговор со генералниот директор на ОКТА и дополнително имаме уште едне денар. Така што, од денеска ќе имаме три денари попуст на сите бензиснки пумпи кои се коминтенти на ОКТА. Од овие цени кои се максимални, што ги утврди вчера Регулаторната комисија за енергетика, имаме три денари попуст, што значи дека ги имаме апсолутно најниските цени на горива во овој момент, порача Мицкоски. мч/са/
фото: принт скрин