• четврток, 25 декември 2025

Мицкоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име

Мицкоски: Не сум човек што сака цензурирање или закани, за мене Македонија е свето име

Скопје, 19 декември 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање за реакциите од Грција за неговата изјава за употреба на името на државата истакна дека за него името Македонија е свето име и  оти има слободно право на говор да си кажува како што мисли. 

- Во принцип не сум човек што сака цензурирање или закани, така што за мене името Македонија е свето име и моето слободно право на говор е да си кажувам како што јас мислам, рече Мицкоски, на новинарско прашање по посетата на фабриката „Алкалоид“.

Мицкоски најави дека Предлог законот за правична застапеност а кој има мислење од Венецијанската комисија  би требало да се најде во Парламентот многу скоро.

- Имаме седница на Влада во вторник. Помина на Влада пред да се испрати во Венецијанската комисија, ако треба повторно ќе помине  и ќе го испратиме во Собранието, рече Мицкоски. лв/са/

Фото: МИА 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан