Митева: Кочани беше тешка лекција и аларм за државата која предолго беше во длабок сон
- Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата, Марија Митева вечерва истакна дека несреќата во Кочани е силен аларм за државата поради системот кој предолго време бил во длабок сон. Таа посочи дека системот треба да функционира и покрај промените на власта со цел да се воспостават принципи и доследно да функционираат во иднина.
Скопје, 17 март 2026 (МИА) - Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и портпарол на Владата, Марија Митева вечерва истакна дека несреќата во Кочани е силен аларм за државата поради системот кој предолго време бил во длабок сон. Таа посочи дека системот треба да функционира и покрај промените на власта со цел да се воспостават принципи и доследно да функционираат во иднина.
„Кочани беше една тешка лекција за сите и еден силен аларм за државата, зошто системот беше предолго време во длабок сон, работата не е завршена но системот и будењето на системот е една страна, но поважно за мене е функционирањето на системот, којшто кога ќе го изградите треба да продолжи да функционира, да престане да се руши со промените на власта и да биде еден систем којшто кога ќе ги воспоставите принципите, ќе функционира доследно во иднина“, рече Митева во гостување на емисијата „Топ Тема“ на ТВ Телма.
Таа потенцира дека биле спроведени инспекциски надзори и дека е направена сеопфатна анализа на сите институционални слабости, истакнувајќи дека контролите и надзорите се клучни за да нема состојби на злоупотреба во државата.
„Со спроведените инспекциски надзори во 2025 година, имаме само седум активни лиценци, спроведени 4.000 инспекциски надзори, над 1.700 прекршочни платни налози, 162 решенија за забрана за вршење на привремена дејност, само една година претходно 2024 драстично помали бројки. Институциите имаат меѓуресорска координација, овој случај отвори прашања чива е надлежноста, кој го дал соодветниот документ. Контролата е реална затоа што кога бројките го потврдуваат тоа имате намален број на проблеми, ризикот е помал во ваква ситуација затоа што колку повеќе имате контроли и надзори толку е помала веројатноста дека ќе имате состојби на злоупотреба“, истакна Митева.
Новите раководства на институциите, додаде, направија една сеопфатна анализа на сите тие институционални слабости и не беше реакција само по трагедијата, туку беше еден континуиран пристап што го даваме изминативе 365 дена и ќе продолжиме да го даваме. рп/нд/