• петок, 20 февруари 2026

Минимален пораз на Шкендија од Самсунспор во Конференциската лига

Минимален пораз на Шкендија од Самсунспор во Конференциската лига

Скопје, 19.февруари 2026 (МИА) – Фудбалерите на Шкендија препрпеа минимален пораз на првиот натпревар од 1/16 финале од УЕФА Конференциската лига со 1:0 од турската екипа Самсунспор. Гостите од Турција и на дуелот во Скопје важеа за фаворити, а таа улога ја потврдија и на теренот. 

Првата шанса за водство Самсунспор ја пропушти во 7.минута кога еден од нивните најдобри играчи Шериф Ндијае не реализираше пенал, односно го промаши целиот гол.

Единствениот гол го постигна Мариус Муандилмаџи во 77.минута, откако пет минути претходно го замени Ндијае.

Реванш дуелот се игра на 26.февруари во Самсун со почеток во 18:45 часот.   мн/

Фото: ЕПА

Остани поврзан