• петок, 28 август 2026

Вандализирана статуата на Богородица во Меѓугорје

Вандализирана статуата на Богородица во Меѓугорје

Сараево, 28 јули 2026 (МИА) - Непознат сторител ја оскверни статуата на Богородица во Подбрдо и го запали надворешниот олтар на црквата „Свети Јаков“ во Меѓугорје, еден од најпознатите католички центри за поклонение во светот.

Министерството за внатрешни работи на Херцеговачко-неретвската Жупанија објави дека во 4.30 часот го примило првиот извештај за оштетување на статуата на Богородица, а во пет часот примиле пријава за пожар на надворешниот дел на олтарот на црквата „Св. Јаков“.

Лицето и рацете на Богородица се обоени во црна боја, а на пиедесталот е напишано „Ѓавол во здолниште“. ми/сд/

фото: Икс