• четврток, 26 февруари 2026

Меси прогласен за играч на годината во МЛС во изборот на „Гол“

Меси прогласен за играч на годината во МЛС во изборот на „Гол“

Вашингтон, 7 февруари 2026 (МИА) – Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, се најде на врвот на ранг-листата на најдобрите играчи во американската лига - МЛС, во изборот на „Goal“ пред почетокот на новата сезона во лигата.

Напаѓачот на Ванкувер, Томас Милер, го освои второто место, додека Сон Хеунг-мин од Лос Анџелес заврши на третото место.

Во првите 10 се најдоа и Андерс Драјер (Сан Диего), Родриго Де Пол (Интер Мајами), Денис Буанга (Лос Анџелес), Евандер (Синсинати), Кристијан Ролдан (Сиетл), Себастијан Берхалтер (Ванкувер) и Сем Сариџ (Нешвил).

Минатата сезона, Меси одигра 49 натпревари за Интер Мајами во сите натпреварувања, постигнувајќи 43 гола и 26 асистенции. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан