МВР билтен
- На 15 и 16 март 2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Д.(19), К.Г.(24), Д.С.(24) и 17-годишник, сите од Скопје, како и Р.К.(21) од Тетово, со престој во Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите против ќе следуваат соодветни поднесоци.
Скопје, 16 март 2026 (МИА) - На 15 и 16 март 2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Д.(19), К.Г.(24), Д.С.(24) и 17-годишник, сите од Скопје, како и Р.К.(21) од Тетово, со престој во Скопје, затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите против ќе следуваат соодветни поднесоци.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.К.(52) од гостиварско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 15.02.2026 во семејниот дом, пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга и ѝ нанел повреда.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесe кривична пријава против Н.Ј.(35) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“. На 24.07.2025 во Кичево, полициски службеници извршиле преглед на пријавениот, при што пронашле и одзеле кокаин.
Вчера во 13:30 часот во СВР Скопје, од Казнено - поправната установа Затвор Идризово е пријавено дека околу 11 часот, при претрес на пакет за осуденикот Е.Д. биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. Се работи на расчистување на случајот.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.З.(28) од гостиварско село поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. Во февруари и март 2026 година, пријавениот во три наврати телефонски и лично и упатувал закани на неговата поранешна сопруга, а во еден од случаите се обидел и физички да ја нападне.
СВР Велес поднесе кривична пријава против П.Џ.(27) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“. Во текот на септември 2025 година, пријавениот, во својство на службено лице во експозитура на банка Велес, во три наврати извршил неосновани готовински исплати од трансакциска сметка на оштетено лице В.Ф. , во вкупен износ од 249.990 денари.
Вчера во 14 часот во Полициската станица Струмица е пријавено дека на крстосницата од улиците „Ѓуро Салај“, „Цветан Димов“ и „Атанас Јанев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од 16-годишен малолетник од Струмица и патничко возило „фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Т.(24) од село Куклиш, струмичко. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, а со телесни повреди се здобил 16-годишен сопатник на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица.
Вчера во 14 часот на Граничен премин Богородица, на влез во државата, поициски службеници го лишиле од слобода И.М.(18) од Република Грција. При гранична контрола и проверки на увид приложил фалсификувана кипарска возачка дозвола. Известен е јавен обвинител, а дозволета била одземена. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 22:20 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека на некатегоризиран пат во Радовиш, Т.Ј.(19) од Радовиш, управувајќи мопед без регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, а со телесни повреди се здобил и 14-годишен сопатник на мопедот, констатирани во Медицински центар Штип. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.
Вчера во 20:15 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Подмоље-Охрид се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „алфа“ со охридски регистарски ознаки, управувано од З.К.(63) од охридското село Велгошти и патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(35) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Н.К. сопатничка во возилото „алфа“, додека со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и Н.И. од Охрид, сопатник во возилото „ауди“, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Увид на местото извршила екипа од СВР Охрид.
Вчера во 15 часот на Граничен премин Долно Блаце, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода И.А.(25) од Скопје затоа што при извршена гранична контрола и проверки во оперативната евиденција било констатирано дека евидира со мерка апси. Лицето е спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје.
Вќера во 14:18 часот во СВР Тетово е пријавено дека на регионалниот пат Тетово-Пирок, кај с.Долно Палчиште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Џ.Р.(50) од с.Горно Палчиште, тетовско и мотоцикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.И.(22) од с.Долно Палчиште. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, додека со телесни повреди се здобил неговиот деветгодишен сопатник од с.Долно Палчиште, констатирани во Клиничка болница Тетово. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Вчера во 23:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Крушевска Република“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рекстон“, сопственост на МВР, управувано од В.П.(35) од с.Нова Брезница, скопско и такси возило „тојота корола“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(39) од Скопје. Во несреќата со телесни повреди се здобиле возачот В.П. и неговиот сопатник А.Н.(29) од Скопје, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Вчера во 19:30 часот во СВР Скопје, С.П.(53) од Скопје пријави дека околу 15 часот во парк на подрачјето на Ѓорче Петров, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
ОВР Кочани поднесе кривична пријава против М.Н.(47) од с.Бурилчево, општина Чешиново-Облешево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 19.12.2025 во службени простории на Итна медицинска помош во Кочани, пријавената физички нападнала лекарка.
Утринава во 04:30 часот во СВР Скопје, К.И.(71) од Прилеп, со престој во Скопје, пријави дека околу 00:05 часот во станбена зграда на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно лице, при што му биле одземени пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 14:30 часот во Скопје на подрачјето на Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Б.(49) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава од неговиот 79-годишен татко, дека му упатувал закани. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против З.А.(45) од Свети Николе поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На во семејниот дом, пријавениот упатувал закани на неговата сестра и се обидел физички да ја нападне, но бил спречен од неговата мајка.
Вчера во 9 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 00:05 часот на подрачјето на Чаир, по претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Г.(26), Д.Г.(22) и Г.Г.(52) од една страна и Ј.Д.(34) и А.Д. и В.„Н“, сите од Скопје, при што биле употребени и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Рано утринава во 1:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 10 минути по полноќ на подрачјето на Центар, 33-годишна жена од Србија, во изнајмен стан, била физички нападната и допирана по телото од сопственикот на станот, кој исто така ја вознемирувал и со пораки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија поднесе кривична пријава против Е.Ч.(63) од Турција поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти”. На 10.03.2026 на регионалниот пат Гевгелија-Богданци, на место викано „Краварски пат“, полициски службеници сопреле патничко возило „фолксваген тигуан“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле пронајдени седум лица мигранти од Египет.
Вчера во СВР Скопје, Ф.К.Б.(39) од Скопје пријави дека на 14.03.2026 на подрачјето на Чаир, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, кој го познавал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.03.2026 во 14:07 часoт во СВР Скопје е пријавено дека во службени простории на стадион на подрачјето на Кисела Вода, по завршување на фудбалски натпревар помеѓу ФК „Кул“ и ФК „Кожуф“ , двајца фудбалски судии биле физички нападнати од Р.Ц.(57) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари. бк/
фото: МИА