• петок, 28 август 2026

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 23 јули 2026 (МИА) - Синоќа на различни локации во Скопје полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.К.(36), В.В.(43), С.М.(22), Н.М.(40) и В.Г.(43), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени кафеава прашкаста материја, грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Б.(46) од с.Голема Речица, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 21.03.2026 на крстосница помеѓу ул.„ЈНА“ со магистрален пат, пријавениот физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејствија.

Вчера во 15:25 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Лагово–Витолиште, кај с.Штавица, прилепско, патничко возило „цитроен“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Г.П.(35) од Прилеп, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Прилеп. Извршен е увид увидна екипа на ОВР Прилеп.

Полициски службеници од СВР Скопје утрово во 02:00 часот во с.Студеничани, скопско, лишија од слобода 16-годишник од с.Студеничани. При сообраќајна контрола полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал возилото пред да се стекне со право за управување на возило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Полициски службеници вчера во 18:30 часот во с.Слупчане, липковско, го лишија од слобода Ф.Р.(23) од с.Слупчане, општина Липково, постапувајќи по претходна пријава од неговата 18-годишна партнерка дека физички ја нападнал по кратка расправија. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Во СВР Битола вчера во 13:12 часот било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Драгош, во с.Бистрица, И.Ј.(46) од с.Браешани, битолско, управувајќи мопед со битолски регистарски ознаки, изгубил контрола над мопедот и паднал. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во болницата во Битола. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Битола.

Во СВР Охрид вчера во 23:10 часот било пријавено дека на ул.„Живко Чинго“ во Велгошти се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од А.А. од Охрид и мотоцикл „педа“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.В.(19) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Охрид.

СВР Штип поднесе кривична пријава против М.С.(30) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „загрозување на сигурноста“. На 12.07.2026, пријавениот, по претходна расправија, физички нападнал едно женско лице.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 13.20 часот на ул.„Бистра“ во Скопје,  лишија од слобода 17-годишник од с.Студеничани, скопско. При сообраќајна контрола полициските службеници сопреле патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, при што било констатирано дека малолетникот го управувал возилото пред да се стекне со право за управување на возило. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На Граничен премин Долно Блаце, утрово во 01:30 часот на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Г.Р.(26) од Косово. При пасошка контрола и гранични проверки во оперативната евиденција било констатирано дека евидира со мерка „апси“ по барање на ЕВР Чаир. Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера во 17:40 часот на ул.„ЈНА“ во Гостивар,  ги лишиле од слобода Д.С.(27) и Ј.Х.(27), двајцата од Гостивар. При преглед кај Д.С. била пронајдена бела прашкаста материја, додека кај Ј.Х. била пронајдена банкнота од 1000 денари со остатоци од бела материја. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Полициски службеници од СВР Тетово утринава во 02:55 часот ги лишиле од слобода Ј.Ѓ.(23) од с.Нераште, тетовско и З.Д.(27) од с.Бозовце, тетовско. Тие биле затекнати на крстосницата меѓу ул.„Борис Кидрич“ и ул.„Благоја Тоска“ во Тетово како го нарушуваат јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. При преглед кај Ј.Ѓ. биле пронајдени четири пакувања со марихуана и тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Затворски службеници од Казнено - поправната установа Затвор Прилеп вчера во 20:00 часот извршиле преглед во просториите кај  осуденикот С.С.(45)  од  Прилеп, при што бил пронајден хероин. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 22:30 часот, го лишиле од слобода Д.Ш.(42) од Велес, постапувајќи по претходна пријава од неговата 68-годишна мајка дека во семејниот дом агресивно се однесувал и ја удрил со стаклен предмет. Д.Ш. бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Полициски службеници од СВР Тетово, вчера во 22:35 часот на ул.„Вон Вардарска“ во Тетово, го лишиле од слобода Б.С.(47) од Тетово поради сомнение за сторено кривично дело „загрозување на безбедноста“ по член 133 од Кривичниот законик. Според пријавеното, на 21.07.2026 околу 18:15 часот на ул.„107“ во Тетово, тој со пиштол му се заканувал на Х.А.(43) од Тетово. Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

Б.Ј.(38) од Скопје утринава околу 02:30 часот во СВР Скопје пријавил дека на 22.07.2026 околу 17:40 часот на ул.„1675“ бил физички нападнат од неговиот поранешен шура Е.Т., С.Т. и уште едно лице, при што бил употребен и тврд предмет и му било оштетено возилото. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.     

Вчера во 20:10 часот на улица „Браќа Миладинови“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Б.В.(27) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патничко возило „тојота“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.В. и по преземени мерки и извршени проверки, било констатирано дека возилото го управувал пред да се стекне со право на управување. За настанот е известен јавен обвинител, а возилото било одземено. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Полициски службеници синоќа во 00:10 часот на ул.„Мајор Чеде Филиповски“ во Гостивар го лишиле од слобода Е.С.(18) од Гостивар. Тој без дозвола зел службено патничко возило „цитроен“ со гостиварски регистарски ознаки на Црвениот крст, каде бил волонтер, и со возилото удрил во повеќе паркирани возила. При контролата било утврдено дека го управувал возилото без да поседува возачка дозвола. Тој бил задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против правен субјект - угостителски објект од Охрид и против сопственикот и управителот Е.Н. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „точење алкохолни пијалаци на дете“. При контрола во објектот на улица „Партизанска“ во Охрид, полициските службеници констатирале дека на 14 - годишен малолетник од Охрид на кого му било овозможено да користи алкохолен пијалок без да му биде побаран документ за идентификација и утврдување на возраста. По консумирањето на алкохолот, малолетникот  паднал во бессознание, по што бил пренесен во Општата болница во Охрид.   

Полициски службеници од СВР Скопје вчера во 14:25 часот во Полициската станица Кисела Вода извршија службен разговор со Н.К.(27) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека подолг период психички го малтретирал неговиот 54-годишен татко и притоа му упатувал закани нему и на неговото семејство. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од ОВР Македоснки Брод вчера во 16:05 часот го лишиле од слобода С.И.(56) од с.Дебреште, општина Долнени. При контрола во сообраќајот полициските службеници сопреле трактор со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.И. при што било констатирано дека не поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Полициски службеници од ОВР Неготино вчера во 19:15 часот  ја лишиле од слобода К.Л.(36) од Демир Капија и нејзиниот 14-годишен син, постапувајќи по претходна пријава од  нејзиниот 68-годишен поранешен свекор дека неговиот 14-годишен внук, под влијание на неговата мајка, од неговиот дом му одзел околу 17.300 евра и ги однел кај неговата мајка. За настанот бил известен јавен обвинител, Центар за социјални работи и адвокат за малолетници, во чие присуство бил извршен разговор со малолетникот. К.Л. била задржана во полициска станица. По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вчера околу 14:00 часот на паркинг простор на ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници лишиле од слобода 16-годишен малолетник од с.Порој, тетовско. Претходно, тој без возачка дозвола управувал патничко возило „смарт“ со тетовски регистарски ознаки и со возилото учествувал во сообраќајна незгода. Возилото е одземено и задржано во полициска станица, додека службен разговор со него е извршен во присуство на инспектор за малолетничка деликвенција и негов старател. По документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против правно лице од с.Корошишта, струшко и Л.Р.(35) од с.Корошишта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“. На 04.04.2025 на ул.„Пролетерски бригади“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга сопреле патничко возило „фолксваген транспортер“, управувано од пријавениот, при што било констатирано дека вршел превоз на патници без да поседува соодветна дозвола - лиценца за превез на патници.

Полициски службеници утринава во 02:00 часот кај Наплатна станица Желино го лишиле од слобода М.Ф.(20) од с. Церово. При сообраќајна контрола е констатирано дека тој управувал патничко возило „фолксвгаен голф“ со тетовски регистерски ознаки без возачка дозвола. Возилото е одземено и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

А.Ќ.(73) вчера во 21:50 часот во СВР Скопје пријавила дека на подрачјето на општина Аеродром, по претходно недоразбирање, била физичка нападната од З.Ш.(51), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 10:00 часот во СВР Тетово, 81-годишник од тетовско село пријавил дека на 20.07.2026 во семејниот дом, по кратка расправија, бил физички нападнат од неговиот син Б.З.(40). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Д.Д.(40) од Скопје вчера во 16:20 часот во СВР Скопје пријавил дека на 18.07.2026 на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од В.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски службеници од ОВР Прилеп, вчера во 07:35 часот, со судска наредба, извршиле претрес во домот на Н.С.(43)  од с.Заполжани, кој не бил во домот, поради сомнение за сторено кривично дело по член 396 од Кривичниот законик. При претресот биле пронајдени ловелка пушка, две цевки од пушки, воздушна пушка, револвер и еден сигнален пиштол. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

Т.С.(19) од с.Батинци, скопско, вчера во 09:00 часот во СВР Скопје, пријавил дека на 21.07.2026 со тврд предмет бил нападнат од Е.М..  Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.Т.(38) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“. На 03.06.2026 пред станбена зграда во Гостивар, пријавената физички нападнала малолетник.

Синоќа во 00:59 часот на патот за с.Брусник, битолско, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Д.Н.(63) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „сузуки” со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Н., при што било констатирано дека го управувал под активна забрана за управување со моторно возило. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

А.Џ.(61) од Скопје вчера во 10:25 часот во СВР Скопје пријавил дека на 19.07.2026 на подрачјето на Кисела Вода бил физички нападнат од В.М.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Полициски службенци од СВР Битола, вчера во 11:45 часот на ул.„Св.Нектариј Битолски“ во Битола, го лишиле од слобода  О.Р.(20) од Битола. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле мопед без регистарски ознаки, управуван од О.Р., при што било констатирано дека не поседува возачка дозвола. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

Р.Г.(25) од Скопје вчера во СВР Скопје пријавила дека околу 20:20 часот во круг на бензиска пумпа на подрачјето на Кисела Вода, едно лице се заканувало на нејзиниот сопруг, кој е странски државјанин, а се обидело и физички да ги нападне. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.    

Утринава во 04:40 часот на кружната крстосница на булеварите „Туристичка“ со „АСНОМ“ во Охрид, патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(38) од Охрид, излетало од патот. По преземени мерки, полициските службеници кај возачот констатирале 1,51 промили алкохол во крвта, по што веднаш го исклучиле од сообраќај. По насоки на јавен обвинител, возилото е одземено и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување моторно возило“.

Синоќа во 00:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во близина на Железничка станица Маџари со употреба на погоден алат била извршена кражба на гпс уред за следење на возови со што била загрозена безбедноста на железничкиот сообраќај. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. вј/

Фото: МИА архива