• петок, 20 февруари 2026

МВР билтен

МВР билтен

Скопје, 15 февруари 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје вчера ги лишија од слобода К.А.(31), М.Д.(52) и Г.Д.(25), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени  бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ш.Ш.(50) и М.А.(24), двајцата од Гостивар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. По преземени мерки, додејно е до сознанија дека во периодот од декември 2024 година до 31.01.2026, првопријавениот-сопственик на угостителски објект во с.Чегране, гостиварско, вршел продажба на кокаин. На 17.07.2025 во населба Питарница во Гостивар, полициски службеници извршиле преглед врз едно лице, при што кај него пронашле и одзеле кокаин, кој претходно го набавил од второпријавениот - вработен во угостителскиот објект, кој вршел непосредна продажба на кокаин на лица корисници. На 31.01.2026, полициски службеници извршиле претрес во угостителскиот објект, при што биле пронајдени и одземени гасен пиштол „Екол“ калибар 9мм и кокаин.

Во СВР Скопје вчера во 21:40 е пријавено дека на бул.„Крсте Мисирков“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф’’ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(38) од С.Глумово, скопско и велосипед, управуван од  Р.С.(55) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Градска општа болница „8 Септември“ Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.  

На Граничен премин Долно Блаце, вчера во 17:40 часот на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода Л.Е.(36) од Косово. При гранични проверки и пасошка контрола е констатирано дека на увид приложил патна исправа на друго лице од Косово кое било барано од Интерпол, а кое на 12.02,2026 беше лишен на истиот граничен премин. Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

СВР Тетово поднесе кривична пријава против Х.К.(29) од тетовско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“. На 11.04.2025, пријавениот пред неговиот дом му продал кокаин на лице од гостиварско и му овозможил да го користи.    

Во ОВР Гостивар бчера во 19:10 часот е пријавено дека на крстосница од бул.„Гоце Делчев“ со ул.„Железничка“ во Гостивар се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фиат“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од И.Г.(68) од Гостивар и велосипед управуван од З.Н.(75) од Гостивар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Медицински центар Гостивар. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.

Во СВР Скопје, вчера во 20 часот Н.К.(1974) од Скопје пријави дека во 14:15 часот до објект во изградба на подрачјето на Кисела Вода, И.Д. од Скопје се заканувал на двајца вработени кои работеле на објектот во изградба, Според пријавеното, после тоа го стартувал возилото „форд“ и се обидел да ги удри, но не успеал, по што со возилото удрил во неговото возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано пред објектот, кое пак од ударот се придвижило и удрило во друго возило „фолксваген поло“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против правно лице од Делчево и Н.Д.(35) од Делчево, сопственик и раководител на правното лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“. Пријавените не ги почитувале законските одредби за изградба на објект, предвидени во член 68 и член 70 од Законот за заштита и спасување, односно не обезбедиле проект за објектот, одобрение за градење од надлежниот државен орган и согласност на елаборатот за заштита од пожари и експлозивни материи и извршувале дејност без соодветна документација и без да биде евидентиран објектот во Агенцијата за катастар на недвижности. На 01.01.2026 настанал пожар во објектот во кој во моментот имало сместено околу 30 гости, со што ги довел во опасност животот и телото на гостите во сместувачкиот капацитет.

Во СВР Скопје, вчера во 21 часот е пријавено дека околу 11:45 часот, три лица со коњска кола влегле во круг на фабрика на подрачјето на Ѓорче Петров, а откако биле забележани и предупредени од тројца вработени дека треба да го напуштат кругот на фабриката, физички ги нападнале вработените., при што употребиле и дрвени предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против М.С.(55) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 23.12.2025 во службена просторија во општина Свети Николе, пријавениот упатил закани на лице вработено во општината.   

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Б.Д.(45) од струшкото село Ливада поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. При преглед во патничко моторно возило, во кое се превезувал, полициските службеници од криминалистичката полиција при ОВР Струга кај него пронајдоа и одзедоа кокаин.   

Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во периодот од 23:00 до 01:00 часоти звршиле акциска контрола на три угостителски објекти за присуство на малолетници во угостителки објекти после 24 часот и за точење на алкохол на малолетници. Притоа, во еден угостителски објект биле затекнати две малолетни лица кои биле послужени со алкохол, а на пет малолетници им било овозможено присуство во угостителскиот објект после 24:00 часот. Извршен бил службен разговор со вработена во угостителскиот објект, а малолетниците биле предадени на нивните родители. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ш.З.(51) од кичевското село Зајас поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“. При претрес во неговиот дом, полициските службеници од ОВР Кичево пронајдоа и одзедоа  куршуми калибар 9 милиметри кои неовластено ги поседувал.

Ноќеска во периодот од 00:00 до 03:00 часот, полициски службеници од Полициската станица Гостивар спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на улиците „Гоце Делчев“, „Браќа Ѓиноски“ и „Браќа Блажески“ во Гостивар. При контролата, во еден објект се затекнати две малолетни лица, а во друг објект затекнат е еден малолетник после 24:00 часот, кое се предадени на нивните родители.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.Р.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и  „вонбрачен живот со дете“. Тој, на 14.02.2026 околу 18:00 часот во Струга со нож нападнал 17 - годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница. Таа била пренесена во Општа болница во Струга каде ѝ биле констатирани телесни повреди.  Напаѓачот е лишен од слобода и по извршено алкотестирање кај него се констатирани 1,82 промили алкохол во крвта. 

Полициски службеници од СВР Штип, вчера во 11:10 часот го лишија од слобода В.Д.(46) од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 43-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.

Вчера во 20:10 часот во СВР Скопје, З.А.(60) од Скопје пријави дека на 12.02.2026 во 06:50 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар во Скопје, едно женско лице физички ја нападнало. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 14:10 часот во СВР Скопје, З.Ш.(72) од Скопје пријави дека на 13.02.2026 во 16:10 часот на подрачјето на Центар во Скопје, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во СВР Скопје на 13.02.2026 во 20:45 часот е пријавено дека во с.Петровец, скопско, околу 19:45 часот настанал пожар во куќа, сопственост на Р.Д.(39) од с.Петровец. Од Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот е изгаснат, а повредени лица нема. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје. бк/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан