Манасиевски: СДС на народот му должи извинување, а не да ги наградува истите луѓе кои ја злоупотребуваат добиената функција
- Нереформираната СДС на чело со чуварот на фотелјата на Зоран Заев, Венко Филипче, во раководството го внесе и синот на нивниот идеолог, а тоа е Јон Фрчковски. Во раководството на СДС има се - од криминалци, коруптивни лица, лажговци, манипулатори, неуспеани луѓе и секако луѓе кои користат наркотици, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, што МИА го пренесува интегрално.
Скопје, 21 декември 2025
Нереформираната СДС на чело со чуварот на фотелјата на Зоран Заев, Венко Филипче, во раководството го внесе и синот на нивниот идеолог, а тоа е Јон Фрчковски. Во раководството на СДС има се - од криминалци, коруптивни лица, лажговци, манипулатори, неуспеани луѓе и секако луѓе кои користат наркотици, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, што МИА го пренесува интегрално.
Се сеќаваме пред само неколку месеци, излегоа фотографии во јавноста од Фрчковски на кои се гледа како користи психотропни супстанци, на своето работно место.
Од СДС само молк, ниту оградување, ниту дистанцирање, мали Фрчко демек си даде оставка, ама Филипче демек не му ја разгледува, и по се изгледа имаат синдром сличен на судството - чуваат предмети по фиоки.
И по неколку месеци, наместо надвор од политиката, тој е во раководството на СДС. Но, останаа неодговорени прашањата поврзани со сликата на Фрчковски, каде ја користел дрогата, односно ако е на работно место во државна институција, зошто ЈО не постапи до сега со предмет? Од каде му е дрогата и дали можеби тој препродавал? Дали само децата и внуците на црвената буржоазија и транзициските функционери се привилегиран слој во општеството, па Јон Фрчковски има дискреционо право?
СДС на народот му должи извинување, а не да ги наградува истите луѓе кои ја злоупотребуваат добиената функција.
Реформи во СДС се повеќе од потребни.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ