• недела, 01 март 2026

Македонската репрезентација бележи скок од четири позиции на ЕХФ ранг-листа

Македонската репрезентација бележи скок од четири позиции на ЕХФ ранг-листа

Виена, 9 февруари 2026 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација напредуваше четири места на најновото рангирање на Европската ракометна федерација.

„Црвено-жолтите“ сега се наоѓаат на 15. Место. Прогресот се должи на добрите настапи на ЕХФ Еуро 2026 во јануари.

Водечки на ранг-листата на ЕХФ се Данска, Франција и Германија.

Во ТОП 10 се и селекциите на: Хрватска, Португалија, Шведска, Исланд, Унгарија, Норвешка и Словенија. 

Пред македонската репрезентација се и: Шпанија, Холандија, Швајцарија и Австрија. зс/

Фото: РФМ

Остани поврзан